Еротски приказни: НЕКОИ СРЕДБИ СЕ УБАВИ ОД ПОЧЕТОК ДО КРАЈ

Добивај вести на Viber

Има ли нешто поубаво на светот од прекрасно поминат ден со личноста која си ја запознал и негуваш некои посебни чувства и забележуваш дека сте поврзани со многу заеднички особини. Не можам да престанам да пишувам за мене и за Ален. Откако се видовме на железничката станица, не можеме да си се изнагледаме еден на друг, не можеме да си се насладиме од нашите мириси на нашите тела.

  По напорниот ден, вечерта во хотелот седнавме на терасата тесно припиени еден до друг како два заљубени гулаби. И како сите заљубени кои ја набљудуваат полната месечина, разговаравме за љубовта. Јас му признав на Ален дека ваква љубов сега ми се случува и не можам да престанам да се радувам.

  Ален ме прекина во моите фантазии: „Мила, љубовта не е само љубов и секс во прашање. Љубовта е споделување енергија, споделување на сонот и споделување на добро и на лошо. Таа дава самодоверба, дава восклик и прави вознес. Ти дава моќ и ти дава спокој. Да си сакан значи некој да го почитува твојот изглед, тело и душа. Не е сѐ до убавината, мирот и довербата се важни. Да си сакан и да сакаш е да подготвен да си помагаш меѓусебно секогаш, правејќи жртва. Не по секоја цена, но секако со отстапка“.

  Се напивме од виното. Пиевме полека и мераклиски. Грицкавме бадеми. Продолжив: „Ален, љубовта се доживува. Кога си расположен, сѐ ти е во ред, сѐ ти е убаво. Заедно со твојот партнер треба да умеете и лошите карактеристики да си ги прифатите. Сите имаме и добри и лоши страни. Ако можеш да му ги поднесеш и лошите страни, е тоа е љубов. Љубовта е кога чекаш некого да видиш, да си нестрплив, а кога ќе го видиш, леташ од среќа како сонце да те огреало. Меѓутоа, за љубовта прво треба да се сакаш себеси, а потоа и другите“.

  Престанавме да разговаравме. И оваа стрпливост да ја набљудуваме заедно месечината, се нарекува љубов. Задремав во неговите прегратки. Ален полека ме расони за да се префрливме на спалната. Заспав среќна и исполнета. Утрото кога се разбудив, тој сѐ уште спиеше. Сакав да станам, но тој ме гушна и ме приближи кон него. Сонцето веќе ги пуштило сончевите зраци што допираа и ги галеа нашите тела. Топлината многу ме стопли и почнав да се потам.

  Ми беше непријатно да кажам дека ќе одам да се истуширам, само станав и истрчав во бањата. Влегов под ладен туш. Ален изгледа сфати и веднаш по мене влезе. Двајцата заедно се најдовме под туш додека ладната вода се слеваше врз нашите жешки тела. Ален ме допираше притискајќи ме на студените плочки и уште посилно ме бакнуваше. Ја гризев неговата усна, а мојата рака се спушташе надолу и го истражуваше неговото тело. Додека водата паѓаше над нашите тела, правејќи водоскок, со неговите раце ми го милуваше телото. Дојде до моите раце, ми ги дигна високо и го приближи неговото тело кон моето.

  Има моменти кога не можеш себеси да се контролираш и не знаеш чија желба беше поголема – мојата или неговата. На Ален му се познаваше по „машкоста“, што веќе беше исправена и пулсираше од топлина.

  Го потпре неговото тело на моето. „Го почувствував ритамот на твоето срце, што чука забрзано. Поседуваш тело како скулптура и јас имам привилегија во овој момент да ти го милувам и да ти го галам“, ми рече.

  Го бакнав и го гушнав силно со рацете, што сега беа испреплетени со моите. Се чувствував многу возбудено кога се наведна надолу и почна да ми ги одделува „усните“ една од друга и со јазикот „влезе“ длабоко во мене. Испуштив само мала издишка на возбуда и почнав да дишам погласно и позабрзано.

  Тој ја забележа мојата возбуда и го почувствува допирот со мојата „внатрешност“ и се возбуди многу. „Знаеш како ме возбудува“, ми кажа и посилно ме бакнуваше гризејќи ми ја усната. Ме гледаше со неговиот неодолив поглед и си ги стегаше веѓите како да ме предизвикува. Едвај чекаше да ја види реакцијата на моето лице и се насмевна кога забележа дека изненадувањето и желбата растат во мене.

  Ме извади од бањата и ме фрли на кревет. Миги бакнуваше вратот и ми ги бакнуваше градите. Потоа, ме заврти одзади, а тој клекна на спалната. Јас мешав со задникот и со нетрпение чекав повторно и повторно да „влезе“ во длабочините на мојата „внатрешност“. Застана за момент и му ја сменив позата. Се качив врз него и му се нафрлив како лавица. За кусо време двајцата потоневме длабоко во љубовна екстаза. Бевме целосно испотени. Капки пот паѓаа од нашите лица. Ален тешко дишеше. Легна на спалната.

  Ми заѕвони мобилниот. Се тргнав од спалната, ја облеков бањарката и излегов и седнав на терасата. Тоа беше другарката која имаше куќа на езеро и која ја замолив викендов да ми направи алиби пред Милан дека со неа ќе одиме на викенд во куќата на езеро. Милан ѝ се јавил ѝ кажал дека ѕвонел кај мене, дека не можел да ме добие и дека сега ѕвонел кај неа за да ја праша кога ќе се вратиме од викенд-одморот. Таа му рекла дека ќе сме се врателе утре наутро и добро направила што му кажала така. Милан обично не го интересираше, меѓутоа очигледно имал некаков план. Јас ѝ реков дела вечер ќе си одам и со неа се договоривме да се видиме деновиве.

  Влегов во спалната. Ален веќе влегол да се истушира. Додека влегов, тој излезе од бањата. „Одиме на појадок и ќе одиме да шетаме денес“, ми рече Ален весело. Потоа, се подготвивме и слеговме на појадок. Не бев гладна, но пиев кафе и јадев цереалии со млеко. Времето беше тмурно, само што не заврнало.

  Ален ми кажа: „Никој не може да ни го упропасти денот, а најмалку дождот. Денес ќе одиме да прошетаме низ градот, да видиме места што нема можеби да ги посетиш никогаш. По пат ќе разгледуваме и ќе седнеме да ручаме и да пиеме кафе. Како и да е, ќе си поминеме прекрасно“.

ОСАМЕНА