Никола Роквиќ собра средства за детска онкологија: Порача – „Чувајте си го семејството“

Добивај вести на Viber


Никола Роквиќ веќе 24 дена пешачи до Грција, до Егина, што е мисија во рамките на неговата фондација „Семејство“, а прва цел му е обнова на Одделот за детска онкологија.

Пејачот ја сподели радосната вест и откри дека потребните пари за оваа институција се собрани, но не планира да застане тука.

„Луѓе, успеавме! Првата цел ни е постигната, собравме средства за детска онкологија, но не смееме да застанеме. Одиме напред, продолжуваме да собираме пари, а следна цел е да собереме пари за детска онкологија во Ниш. 24-ти ден e, а јас го продолжувам патот кон Егина. Денес го славиме Светскиот ден на семејството и сакаме да го заштитите и да го негувате како највредното нешто“, порачаа Бојана и Никола на социјалната мрежа Инстаграм.

„Се собраа средства за детска онкологија, се купува опрема и се реновира дел од терасата. Стигнавме до целта. Никола е пресреќен, многу сме среќни и благодарни и во оваа прилика сакам да се заблагодарам сите луѓе кои учествуваа, поединци, компании, сите до оние кои ни овозможија толку брзо да стигнеме до таа цел“, рече Бојана.

View this post on Instagram

A post shared by Nikola Rokvic (@nikolarokvic)


Фото:Инстаграм