Еротски приказни: ПАТОТ КОН ИДНИНАТА
Животот е многу интересен
и знае да нè изненади кога не очекуваш – нешто ти зема, или ти дава. Во
најтешките моменти кога човек едвај има сила да преживее, се појавува некој кој
ќе му пружи рака и ќе го извлечи од калта. Кога помислив дека е крај со мојот
живот, дека не можам да го издржам теророт од Џино, се појави Димитри. Го убеди
Џино да се вработам, а со тоа воедно излегов од неговиот „затвор“ во кој ме
држеше изолирана и беспомошна.
Потоа станав и негова љубовница. Од почеток си ги задоволуваше своите страсти но, како поминуваше времето, Димитри се заљуби во мене, а јас успеав да му влеам доверба во мене со тоа што му бев верна и го почитував.
Од оној момент кога водевме љубов во водата, станавме претпазливи. Размислувајќи како да се спасам од Џино, го убедив Димитри дека ако би заминале заедно некаде далеку, сигурно нашата врска би била многу убава.
Од ден на ден беше сè позанесен по мене и почна самиот да планира како би заминале заедно одовде. Бараше начин и почна да истражува на компјутер каде би заминале, а во исто време контактираше со пријатели низ цел свет за да најде решение за нас. Желбата да избегаме и остатокот од животот да го поминеме сами кај него растеше од ден на ден.
Морав да глумам дека без него не можам да живеам за да може да го реализира овој план. Иако планот ми се чинеше дека е илузија и бев свесна дека двајцата не ќе можеме да му избегаме на Џино, сепак, барем ми даваше надеж дека некогаш ќе се најде излезот од овој мрачен „тунел“.
Бидејќи ги познаваше сите фалсификатори, ми извади лажен пасош со лажно име и презиме. Сега името ми беше Нада Пантас. Со цел да не нѐ открие Џино, планот беше прва јас да заминам, некој месец да се адаптирам, па потоа да дојде Димитри. Во меѓувреме, се случи друг настан и работите се сменија.
Состаноците со Димитри ги водевме на дежурство на пауза доцна навечер. Димитри обожаваше да носам убава долна облека за време на водењето љубов. Пред извесно време, Димитри ми подари долна облека во различни бои: гаќички, чорапи и градник. Штом ќе влезев во неговата дежурна соба, влегував во малиот тоалет во кој имаше туш, се туширав, се преоблекував и застанував пред него како статуа. Нашето водење љубов стана како ритуал.
Димитри најнапред ми го милуваше лицето. Ми ги бакнуваше усните. Ми ги пипкаше и милуваше градите, половината, колковите и задникот. Личеше како вајар кој го проверува своето ремек-дело. За тоа време, неговиот „орган“ растеше, набрекнуваше и тој се возбудуваше уште повеќе кога ќе почнев да го лижам. Подоцна, ќе ме легнеше на кревет и почнуваше да ми ги соблекува чорапите. Кога ќе ми ги соблечеше, ми ги лижеше прстите од нозете. Следно што правеше, ќе ми дигнеше нозете на неговиот грб и „влегуваше“ во мене. Јас почнував да стенкам и глумев дека ми е преубаво.
Таа ноќ Димитри ме легна на кревет. Почна да ми ги лиже градите, па стомакот и надолу по колковите. Дел по дел ме соблекуваше и останав по гаќички. Ми ги соблекуваше гаќичките и ми ги лижеше сите делови нестрпливо и беше возбуден повеќе од обично. Почнав да се потам и да се тресам и за кусо време доживеав задоволство.
Отвори шише виски и се напи една чаша. Јас го бакнував од вратот па надолу. За тоа време заѕвони мобилниот телефон. „Кој е сега, ќе ми го прекине задоволството!?“, со возбуден глас рече Димитри, го зеде мобилниот и се јави.
Тоа беше некој негов стар пријател доктор со кој не се виделе многу години. Му рече дека ќе дошол во нашиот град и сакал да се види со него. Димитри го праша каде работел до сега, а тој се пофали дека работел во некоја приватна психијатриска клиника, на рехабилитација на лица со психички нарушувања. Бил добро платен, но не можел да издржи повеќе и си дал отказ. Тој го спомена името на клиниката. Димитри беше занесен што од вискито, што од возбудата и не разбра добро, но затоа јас разбрав и го запаметив името на клиниката.
Подолго време разговараа. Кога заврши разговорот, Димитри влезе, се истушира, а јас заминав кај пациентите бидејќи времето за љубов ни заврши, а стриктно се придржувавме кон тоа за да не бидеме видени од некого.
Додека Димитри бараше работа за мене во која било држава, јас се јавив тајно во приватната клиника. Зборував со директорот и тој ме испраша зошто сакам да работам таму. Тој ми вети работа, но се знае, ако бидам исполнителна, послушна и си ги извршувам зададените задачи беспрекорно и точно, но со целосна дискреција затоа што и пациентите се дискретни.
Исто така, ме праша од каде имам информации за оваа клиника и јас го посочив името на докторот за кој ми кажа дека повеќе не работел таму.
Во исто време, Димитри ми најде работа во еден старски дом. Утрото, кога требаше да заминам во старскиот дом, ми се јавија и од клиниката и ми кажаа дека итно треба да отидам таму. Тргнав со автобус, а потоа требаше да се качам на авион за да стигнам во клиниката. На аеродром ќе ме чека кола и ќе ме однесе таму. Затоа, нечујно и тајно истрчав од дома и се плашев да не ме сретне некој.
Ги отворив очите. Бевме блиску до аеродромот. Ема исто така спиеше и ја разбудив и ѝ кажав: „Јас ќе слезам на аеродром. Потоа, летам со авион“. Ема ме погледна и ми рече: „И јас патувам со авион. Можеби заедно одиме на исто место“.
Слеговме на аеродромот. Ги чекиравме картите. Ема беше зад мене. Се качивме во ист авион. Ема седна до мене.
ПРИЈАТЕЛКИ