Еротски приказни: СЀ ШТО Е УБАВО КРАТКО ТРАЕ
Дали има поубаво од тоа да се спие во планинска куќа, а наутро да те разбуди тивкото шумолење на буките, тивката песна на птиците и свежиот и чистиот воздух да ти ја исполни собата? Јас тоа го доживеав благодарение на мојот сакан Кримо и кога се разбудив, се почувствував полна со енергија. За денот да е убав, радосен и весел, доволно е тоа чувство да се осети.
Кога се разбудив тоа утро, бликав од енергија. Кримо излегол и ми беше оставил лист хартија на кој напишал: „Отидовме да го поправаме моторот. Ти дружи се со девојките“. Така и направив. Се средив и слегов долу. Кога пристигнав, девојките ме пречекаа срдечно, ме избакнаа и ме почекаа да појадувам и потоа отидовме низ шумата да набереме лековити билки за чај.
Цело претпладне се шетавме, собиравме билки за чај и не можам да сфатам кога помина времето. Но, со пријатно друштво времето поминува за час. Попријатна прошетка не сум доживеала. Иако вчера ги запознав, многу ги засакав новиве пријателки. Ен беше многу разговорлива и ми раскажа сѐ за нив, а не го изостави и Кримо и ми кажа дека имал девојка, но таа си заминала во родната земја и ниту се вратила, ниту му пишала. Многу биле загрижени за него, меѓутоа сега кога ме запознале, сите се многу среќни за нас двајцата.
И другите прокоментираа нешто во тој стил, а јас им ги гледав лицата. Беа добронамерни и искрени. Полека се прибравме под сенките од бунгаловот и се одмаравме чекајќи ги Кримо и останатите да се вратат за да ручаме. Никој не сакаше да им ѕвони на мобилните за да не ги вознемират бидејќи знаевме сите додека не се поправи моторот, тие нема да се вратат.
Седевме под сенките, пиевме лимонада и кафе и разговаравме. Времето поминуваше. По подолго време се слушна звук од мотори оддалеку. Сузи рипна извикувајќи: „Еве ги момците! Доаѓаат!“ Кога дојдоа, беа многу изморени. Моторот едвај се поправил колку да патуваме со него до дома безбедно. Потоа, отидоа во собите да се истушираат затоа што беа извалкани.
Како по навика, Кримо прв се симна. Ме прегрна. Сите се насмеаја бидејќи тоа го правеше толку наивно, спонтано, со многу љубов во себе. Ен започна да се шегува: „Кримо многу си заљубен во Дора. Ние се познаваме подолго време, сме се виделе и во други ситуации, но не сум те видела во вакво издание“. Кримо најсериозно ѝ одговори: „Да, знаете срцето ми е преполно со љубов. Многу ја сакам Дора. Таа е факел во мојата душа, сонце во моите очи, луд сум по неа, не можам да дишам без неа. Никогаш нема да погледнам друга жена освен неа“.
Се збунив затоа што не очекував Кримо јавно да ја искаже својата љубов кон мене. Се поцрвенев, целата се стресов, во градите почна силно да ми чука срцето, како да си ставив голем ѕиден часовник. Сузи ме забележа и почна да се шегува: „Може да ја смениме темава за разговор? Видете колку се засрами Дора. Цела поцрвене“. Подоцна, слегоа Мајк и Том. По нив слезе и Роби и се комплетиравме. Мајк и Лиза најавија дека по ручекот мораат да си одат бидејќи имале некоја итна и неодложна работа.
Ручавме, пиевме кафе и Мајк и Лиза си заминаа. Ги испративме и почувствував некоја голема празнина во мене. Се прашував себеси со чудење: „Што ми се случува?“ Седевме и веќе почна да се стемнува. Се договоривме да си легнуваме порано вечерва за да утре рано заминеме. Така и се случи.
Се прибравме в соба. Отидов да се истуширам и легнав стуткана до Кримо. Го гушкав, меѓутоа тој готов беше да заспие. Потоа, почнав да го бакнувам. Неговите образи, неговите врели усни. Подоцна, со усните и со рацете го допирав нежно сѐ подолу и подолу. Го фатив неговиот набрекнат „орган“. Тој се заврте на грб и малку ги рашири колената. Му ги милував и му бакнував неговите јајцата. Неговите раце ги милуваа моите гради.
Тој се наведна и ми ги бакнуваше стомакот и папокот. Конечно, му го зграпчив „органот“ и го стискав за да ја почувствувам неговата цврстина. Ми ги масираше бутовите и полека ми ги соблече гаќичките и ми ги рашири нозете нежно, полека и смирено.
Го „сакав“ внатре во мене и кога почувствував дека навлегува длабоко во мене, длабоко вдишав. Го гушкав со рацете, го прегрнував со нозете, му ги бакнував усните и му го прифатив јазикот. Треперев од страст, а тој полека ги отвори затворените очни капаци. Ме гледаше во очи и сѐ посилно „навлегуваше“ и „излегуваше“ од мене и го зголемуваше ритамот. Се гледаше задоволството од неговиот поглед и од неговите очи што блескаа како сијалички во темница.
По извесно време, нашите тела се згрчија, нашата страст се смири, нашите тела престанаа да се потат. „Те сакам“. Ти засекогаш ќе останеш моја најсакана“, изусти Кримо. Не можев да издржам и му реков: „Те молам и јас те сакам премногу, повеќе од самата мене, меѓутоа не зборувај ништо. Животот е пред нас. Ова е почеток на нашата љубов. Оваа магија дали е фантазија или сон, не сакам никој да ја расипе“.
Кримо се насмеа, се заврте на другата страна и веднаш заспа, а јас долго размислував за неговите зборови. Некое грозно претчувство ми ја гризеше како црв душата. Не сакав да мислам, се борев со тоа чувство, но самото ми се наметнуваше. Многу доцна сум заспала и сонував некој тежок сон.
Утрото станавме. Ништо не му кажав на Кримо. Сакав да му кажам кога ќе се вратиме. Веднаш тргнавме. Утрото беше прекрасно, само што беше зазорено. Сем дојде, нѐ испрати и не покани повторно да дојдеме тука и да се видиме. Тргнавме. Кримо се договорија прв да оди. Се возевме на удолница и кога требаше на прав пат да заврте – се случи нешто. Само кусо извика: „Не работат кочниците...!“
Ги отворив очите. Со погледот прошарав лево-десно. В болнички кревет сум. Не знаев ни која сум, ни зошто сум в болнички кревет. Не можев да ги движам рацете и нозете.
СТУДЕНТКА