Еротски приказни: ЗАЈДИСОНЦЕ

Добивај вести на Viber

Со Хуго се сретнавме кога почна да заоѓа Сонцето. Седнав со затресени колена во неговиот џип. Неговите воздишки и неговите бакнежи многу ми значеа бидејќи срцето ми беше слободно и душата ми мечтаеше за нешто убаво да ми се случи. Покрај пријателството со моите две хероини Ема и Кармен, со кои делевме сè меѓу нас и со тоа бев пресреќна, најдов и едно ќоше од убавина, мојот личен пријател, кој во моментот ми ја правеше душата цветна градина. Ме осипуваше со љубовни воздишки, играше по моето тело и во даден момент ми беше опседнат следач.

  Од сè најмногу ми се допаѓаа неговите галења, неговите нежни прсти со кои го милуваше мојот врат, неговата уста која ми шепотеше слатки зборови чиниш мед тече од нив, а неговиот примамлив глас ми даваше чувство на самодоверба. Во џипот тој ја разбуди женскоста во мене. Како што тој сакаше да ме задоволува мене и јас мечтаев да го задоволам на мој начин. Немав големо искуство во водењето љубов, но полека почнав да го искажувам мојот сексуален нагон, своите желби и своите страсти.

  Го навали седиштето и полека, спуштајќи се кон моите гради, тој ми го откопча фустанот и не издржа – ми ги извади градите и почна да ми ги цица жестоко брадавиците.

  Испуштав воздишки од задоволство, му ја ставив раката на неговиот веќе зацврстен „орган“, што секогаш пријатно ме изненадуваше. Чувствував колку е голем над пантолоните, му го откопчав каишот, се спуштив надолу и почнав да го задоволувам, прво малку, а потоа го шмукав до крајници и воедно слушав воздишки на задоволство.

  Џипот беше доста комотен и ме заврти со лицето надолу. Почна да „влегува“ одзади со неговиот врел „орган“ директно во мене. Ја чувствував мојата врела „смоква“ како пулсира. Тој сè посилно влегуваше во мене. Задоволството пристигна. Во ист момент и двајцата се грчевме. Исфрлаше врела сперма на бранови и таа се лепеше на мојот грб. Хуго изгледа се исплаши да не се извалкаат навлаките од седиштата, па нагло стана, најде хартија, ми се приближи и почна да ме брише.

  Јас лежев и уште бев под влијание на љубовната игра. Во еден момент, ми проструи нешто низ главата: „Ова е нешто во кое не верувам дека може да е совршено. Да, ми требаше опуштање да си ги обновам силите, да си ги потхранам хормоните. А утре е нов ден, нова сила и надеж. Само не е надеж за мојата врска. Ова не е врска, повеќе е флерт, се криеме како средношколци да не дознаат останатите од клиниката“.

  Тој со бакнежи ме стана и ми помагаше за да се облечам во исто време посматрајќи го Сонцето, што секогаш ме одушевуваше со неговото релјефно зајдисонце. Сонцето се вртеше полека за да ја стопли другата половина од Планетата со своите нежни зраци и со својата бесконечна енергија. Тоа работи неуморно, нештедливо, дваесет и четири часа и си ја дава енергијата на целата Планета. Великодушноста е одлика на природата и нејзините соработници.

  Хуго ме праша: „Што правиш?“ Му одговорив со тивок глас: „Го набљудувам залезот на Сонцето. За мене секогаш било нешто отмено, горделиво и недопирливо. Види како цело небо е крваво - црвено со темни примеси. И сонцето е учесник во човековата борба за опстанок, за преживување. Сè што направила природата е многу мистично и многу фантастично. Таа дава и зема. А знае и да го повреди човекот ако се однесува премногу лошо со нејзините благодети. Таа ни дава свои сигнали за опомена и честопати казнува поради нашите грешки за кои мислиме дека се невидливи“.

Тој замолчи и ме прегрна. Седевме долго во џипот, набљудувајќи го прекрасниот залез. Почнаа полека да се движат ѕвезди низ небото. Тие застануваа по некој свој сопствен редослед и блескаа чекајќи некој да им каже колку се убави. Јас си одбрав моја ѕвезда и си замислив желба која сакав да ми се исполни, а истото го споделив со Хуго кој одбра своја ѕвезда и исто посака желба. Се шегувавме и се смеевме. Навистина бевме многу убаво расположени.

 Се сетив дека веќе е темно и дека треба да заминам во клиниката. Ме чекаат Ема и Кармен. Клиниката беше позади бараките, но не сакав да одам со Хуго за да нè не види некој. Затоа им заѕвонив на Ема и на Кармен за да дојдат овде и за да отидеме заедно во клиниката.

  Меѓутоа, некоја темна сенка се приближи кон нас. По контурите од телото го препознавме. Тоа беше Фис. Нè следел. Кога не виде, погледот му замрзна. Збесна и започна да му вреска на Хуго на цел глас: „Јас ти кажав дека не смееш да имаш флерт со Нада! Овде можам само јас да си го дозволам и никој друг! Јас ве викам вас за да ми правите друштво, а вие сите си флертувате меѓусебно и си правите авантури! Да знаеш дека си отпуштен! Ќе одам да му кажам на директорот! Не ти пишувам ни карактеристика да не можеш ни на друго место да се вработиш! Разберете дека јас како ќе кажам, така ќе биде! А ти ќе се вратиш во твоето одвратно и гнасно село и ќе страдаш за корка леб!“

  Очите му беа крвави и толку му светеа што мислев дека пред мене стои некој рис, кој секој момент ќе нè нападне. Како што дојде, така и замина – одметнички, разгневено и одмазнички. Нè сакаше ни да разговара со нас. Ние останавме вчудоневидени, особено јас. Толку злоба и омраза собрани во една личност. Сега сфатив како ѝ е на Ема. Овој ни забранува и ни наредува на нас што да правиме, а на Ема којзнае што и прави.

  Целата се тресев како лист на гранка. А Хуго беше толку понижен што молчеше и потоа низ заби изусти: „Не сакам да зборувам, но јас сум му помогнал многу во животот. Меѓутоа, сега ако се обиде лажно да ме клевети кај директорот и ако изгубам работа, јас ќе најдам друга, но нема да го оставам на мир“. Се обидов да го смирам, но беше попусто. Беше премногу бесен.

ПРИЈАТЕЛКИ