Еротски приказни: ЗАЉУБЕНОСТ ИЛИ ЉУБОВ
Излегоа и со нив ги однесоа сите лоши духови. Сите се издишавме. Со нас останаа другарите на Антонио, Итан и Оливер, кои како поминуваше ноќта беа сè позабавни и интересни и одлично се вклопуваа во нашето друштво.
Исидора беше налутена, а Антонио бесен. Но, Кримо имаше искуство со вакви непријатни ситуации. Веднаш ни нареди нам девојките да отвориме да се проветри, да ја намалиме музиката, да ставиме за пиење и да направиме кафе.
Сите станавме и веднаш се организиравме. Едни девојки расчистуваа додека други правеа кафе, а машките ставаа пијалак во чашите. Кафето ни ги избистри главите, а ноќниот остар воздух, кој влезе во просториите, нè освежи и нè расони. Започнавме разговор за факултетите, кој каде студира, па потоа, кој каде работи и навистина остатокот од ноќта се претвори во убава забава. Исидора беше налутена, а Антонио сè уште беше црвен, меѓутоа Кримо почна да ги задева и така им попушти и лутината и бесот.
Антонио почна да зборува како сакал да направи убава забава, но така испаднало. Роза му дофрли: „Антонио, многупати во животот сакаме сè да е во ред, но ете нештата не се баш така како ние мислиме. Тие си имаат своја генеза, тек и крај“. Меѓутоа, искрено сите во себе се каевме за пропаднатата забава и се трудевме крајот на забавата да биде ефектен. Продолживме да се шегуваме и некако сега, нештата зедоа друг тек. Дневната одекнуваше од џагор и од смеа. Итан и Оливер ги канеа девојките да играат. Станаа Роза и Стипе и играа, подоцна Кримо ги канеше и други девојките да играат. Антонио играше со мене, па со Исидора и така крајот на вечерта се претвори во топла седенка и забава.
Тортата што ја донесовме беше в фрижидер. Ја извадивме, ги запаливме свеќичките и сите дувнавме во знак на нашето пријателство. Јадевме торта и се разделивме. Девојките се понудија Итан и Оливер да ги однесат со кола, а Исидора остана кај Антонио.
По пат, му објаснував на Кримо дека овие недели нема да се гледаме многу велејќи му: „Ќе ја испратам Исидора и ќе учам бидејќи ќе започнат колоквиумите“. Кримо почна да се смее додавајќи ми: „Претпоставувам дека си посветена на учењето. Но, јас сум и студент и работам истовремено. Имам желба да те гледам постојано и да си до мене“.
Во последно време, ме опседнуваше мислата како ќе се соединиме со Кримо, порастени во различни континенти, различна храна, различни обичаи, различен начин на живот. Некои мислења ни беа исти, некои слични, а некои спротивни. Како би функционирале заедно? Дали е тоа врска што поминува или е трајна врска?
Да, се заљубив лесно во Кримо. Но, дали тоа беше заљубеност или љубов? Човек се заљубува повеќепати и се одљубува, сфаќа дека е навика или некоја зависност. Ако е во прашање вистинска љубов, тогаш таа е немерлива, доживотна, безвременска и безгранична. Ако можам да го задржам срцето во едно парче, што ретко ми оди од рака, тогаш тоа е вистинска љубов. Можеби Кримо е само мој заштитник – мој ангел чувар. Во овој свет полн со лаги, измами и неискрени љубови, ништо не може да се означи со сигурност.
Љубовта е чудна работа. Денес сè е убаво и ние сјаеме со задоволство во нашата љубов, а утре ја гледаме другата страна на реалноста, страната на животот, што не ја знаевме вчера, каде што сите убави моменти испаруваат во нас, а останува само чувство на горчина, осаменост и необјаснива тага.
Дали тогаш вреди моето срце да го жртвувам за некои убави кафени очи? Очите што се со нас, нè бодрат и нè следат низ животот, а потоа одеднаш, исчезнуваат како никогаш да нè постоеле, а нашето срце е оставено само, напуштено и рането. Дали луѓето се луди или сè уште не сфаќаат дека срцето е највредното нешто што го имаат?
Целата ситуација ќе се разбистри кога ќе замине Исидора. Таа направи толку збрки заедно со вечерашнава. Сè ќе и текне нешто во кое ќе ги жртвува сите, а таа сака да остане недопрена.
Размислувајќи се занесов, меѓутоа гласот на Кримо ме врати во реалноста: „Дора, сакаш да прошетаме в парк?“
Одмавнав со глава, но тој почна да ме убедува: „Ајде, вечер има маскенбал. Пред да излеземе од кола, Кримо ме погледна со неговите светлокафени очи и почна да ме бакнува.
Ја стави неговата рака на задниот дел од главата и ми ја размести косата. Полека ја спуштив раката до неговите препони. Тој почна да дише побрзо. Му ја ставив другата рака на неговото срце и го прашав: „Што се случува?“ Неговите прекрасни очи блеснаа во мракот. Поглед кој не можев да го избришам од главата. Кримо ги стави рацете околу мојот врат и почна да ме бакнува сè повеќе и повеќе. Едноставно, енергијата, која беше присутна, беше премногу силна. Се повлеков и застанав.
Тој ги придвижи рацете кон моите гради и „влезе“ во широкиот расцеп од кошулата. Нежно почна да ми ги допира градите, а потоа и да ми ги бакнува. Неговите жешки усни се залепија на брадавиците. Го почувствував неговиот срцев ритам како му се смирува.
Во еден момент, се спушти надолу во мојата „внатрешност“. Почна да ми ја „лиже“ со многу љубов. По извесно време, ја крена главата и повторно се нурна во мојата „внатрешност“. Се наоѓав среде облаци. Почувствував пулсирање и вибрации. Телото ми се згрчи и, во истовреме, се чувствував прекрасно.
Излеговме од колата. Се претопивме во масата луѓе. Еден човек правеше маски и ги даваше на луѓето кои му оставаа пари во превртената шапка. Кримо извади пари и зеде две необични маски. Ги ставивме и се забавувавме доцна во ноќта. Ќе останевме уште, но морав да си одам дома. Исидора требаше да ја видам уште малку бидејќи ќе ми недостига премногу. Некогаш ѝ се лутам, меѓутоа да си признаам длабоко во себе – ја сакав бесконечно.
СТУДЕНТКА