Есенски специјалитет кој вреди да го пробате: Крем супа од јаболка и тиква (РЕЦЕПТ)

Добивај вести на Viber

Есенска крем супа со фантастичен вкус.

Потребни намирници:

– 1 кг тиква

– 4 јаболка

– жалфија

– маслиново масло

– сол, бибер

Начин на подготовка:

Излупете ги јаболката и тиквата и исечете ги на парчиња. Ставете ги во тенџере и прелијте ги со вода, колку да ја покрие содржината.

Поклопете го тенџерето и ставете го да се вари, да крчка.

Кога тиквата ќе почне да се распаѓа, исклучете го шпоретот и пасирајте со рачен миксер. Ако ви изгледа премногу тенко, динстајте уште малку за да испари водата.

Додадете жалфија, сол и бибер, по вкус.

Пред сервирање, во секоја чинија додадете по една лажичка маслиново масло.

Бон апетит!


Фото: unsplash