,

Eucerin Hyaluron-Filler+Elasticity нега против стареење на кожата, за поцврст, посвеж и поблескав ефект

Добивај вести на Viber

Структурата на кожата се менува како старееме: прво се појавуваат фини линии и брчки што со текот на времето се продлабочуваат.  Како што кожата продолжува да старее нејзината  цврстина, сјајот, а подоцна и нејзината еластичност постепено се намалуваат. Губење на еластичноста, во комбинација со појавата на длабоки брчки е примарна грижа во процесот на стареење на  многу жени со зрела кожа. Стареењето на кожата е природен процес, а голем дел од него е предизвикан од фактори што не можеме да ги контролираме, како што е нашата генетика. Меѓутоа, постојат и надворешни фактори,  на кои може позитивно да се влијае. Одредени избори на начин на живот, како што се количеството на сонце на кое ја изложуваме нашата кожа, нашата исхрана, може да го забрзаат стареењето на кожата и да предизвикаат предвремено стареење. Правејќи разумни одлуки и овозможувајќи соодветна нега и заштита на кожата, може да се задржи убавиот и младешки изглед подолго време.

Eucerin Hyaluron-Filler + Elasticity е нов производ, специјално формулиран за да гинамали длабоките брчки, да ја подобри еластичноста и да ја негува кревката и зрела кожа. Иновативната формула на Еуцерин комбинира висока и ниска молекуларна хијалуронска киселина која видливо ги измазнува длабоките брчки.Арктиин, екстрахиран од растението пиреј докажано го забрзува обновувањето на колаген во клетките на кожата, во  комбинација со силимарин - моќен антиоксиданс кој ги заштитува колагенот и еластинот од слободните радикали и ја подобрува циркулацијата на кожата на клеточно ниво. Кожата се чувствува цврста и мазна, а изгледа свежа и негувана.

Колекцијата Eucerin Hyaluron-Filler вклучува три иновативни линии, кои се клинички и дерматолошки и кои докажано обезбедуваат повеќекратни придобивки против стареењето на кожата. Секоја линија има различен примарен фокус (брчки, губење на волуменот и губење на еластичноста) за сигурност дека кожата ја добива потребната грижа во секоја фаза од процесот на стареење.