Евгенија и Вело Марковски имаат љубов која урива предрасуди, денес слават 5 години брак
Љубовта не познава граници и години. Можеби за многумина звучи како клише, но една ваква љубов, силна, која ги урива предрасудите е љубовта на поранешната мисица Евгенија Марковска, и професорот Вело Марковски.
Денес тие слават 5 години брак. Плод на нивната љубов се две дечиња, момче и девојче.
Во ексклузивното интервју за Женски магазин, Евгенија ја раскажа нивната љубовна приказна.
Таа вели дека не биле сигурни дека ќе успеат, но вредело да се проба.
„На самиот почеток воопшто не се надевав дека ќе заврши со брак или ќе имаме деца, за само после две години јас бев таа што најмногу на свет сакаше да имаме дете. Клучен момент во се тоа беше неговиот однос кон мене“, вели Марковска.
Како почнала нивната врска?
-Нашата врска започна во 2014 година, се мислевме неколку месеци, но ете се решивме да ја започнеме врската без обврски и некои поголеми очекувања. Ни беше убаво да бидеме заедно, а колку повеќе се гледавме станувавме се повеќе поврзани. Често со Вело знаеме да ја искоментираме првата средба како бевме исплашени и како кога доѓаше по мене сакал да се врати на пола пат и да ми каже дека има обврски тој ден и дали ако се вратеше пак ќе се видевме и ќе завршеше исто како сега. На самиот почеток воопшто не се надевав дека ќе заврши со брак или ќе имаме деца, за само после две години јас бев таа што најмногу на свет сакаше да имаме дете. Клучен момент во се тоа беше неговиот однос кон мене. Ми покажуваше внимание, грижа, ми беше најголема поддршка и знаев дека е и ќе биде секогаш тука за мене за што и да ми затреба. Во 2017 година го добивме синот и истата година стапивме во брак.
фото: Инстаграм/Screenshot