Фактор портал и Женски магазин вртат нова страница

Добивај вести на Viber

Сплотени и во заеднички предизвици Фактор портал и „неговата ќерка“ Женски магазин од денеска тргнуваат во нижење на нови успеси .

Темите кои досега ги обработувавме продолжуваме да ги следиме со нова енергија, од нови простории и канцеларии кои ќе бидат дополнителен мотив за целата екипа.

Во наш фокус останува широк спектар на темите кои добро ги знае нашата почитувана публика. Тоа се теми кои може да ја заинтересираат секоја личност, која е желна за најновото случување дома и во светот, но и за краток релакс пред но и после работа.

Домашни актуелности, економијата како приоритет, огласи за работа, како цвета бизнисот на домашните компании, како работат фирмите и како нижат финансиски успеси и падови... информативни теми за работа во странство, светот на познатите , модата во светот, филм и уметност, приказни од секојдневниот живот и кои се дел од нашето секојдневние, совети за бракот и љубовта, за здравјето, разни препораки..

Интересен и едноставен колаж зачинет со интересни и актуелни интервјуа во кои личностите имаат што да кажат.

Екипата која работи зад Фактор и Женски магазин не е мала, но е вредна, и квалитетни содржини ветуваме дека нема да ви недостасуваат.

Ова за нас е еден навистина голем исчекор кој е предизвик за целиот тим.

Се надеваме на ваша поддршка како и досега, критики прифаќаме бидејќи коментарите кај нас се слободни а фактите свети.