Фармацевт тврди дека сите ја правиме оваа грешка кога ќе настинеме: „Ова прави повеќе штета отколку корист“

Добивај вести на Viber

За време на сезоната на настинки и грип, малку може да се направи за да се спречи ширењето на вирусот, па дури и силниот имунитет не е гаранција дека нема да се разболите... Штом повеќето луѓе ги почувствуваат првите симптоми на настинка или грип, посегнуваат по пијалоци и производи кои помагаат при оваа состојба, но истовремено веруваат дека ќе ја запрaт болеста во нејзините корени. Но, експертите тврдат дека ова е грешка!

Британскиот фармацевт со индиско потекло Абас Канани, раководител на онлајн-аптека Chemist Click, тврди дека настинката едноставно мора да помине и не може да се запре. Тој додава дека лековите за настинка и грип служат само за ублажување на симптомите и не можат да го забрзаат закрепнувањето.

„Не е важно дали порано или подоцна ќе започнете со производи за настинка и грип, бидејќи тие немаат ефект врз природата на вирусот и тој ќе напредува во вашето тело без разлика дали сте ги земале препаратите или не. Сите тие обезбедуваат само привремено олеснување на симптомите“, вели Канани во интервју за „Мирор“.

Овој фармацевт истакнува дека типичната настинка трае до 10 дена и дека само доколку симптомите траат подолго од три недели треба да се побара лекарска помош. Тој предупредува и на најчестата грешка што ја прават луѓето кога имаат обична настинка - таканаречената злоупотреба на антибиотици, односно нивно консумирање кога тоа не е апсолутно неопходно. Канани вели дека ова може да направи повеќе штета отколку корист.

„Настинките и грипот најчесто се предизвикани од вируси, а не од бактерии, така што апсолутно нема потреба да земаат антибиотици. Сепак, некои луѓе дури ќе се решат да земаат стари антибиотици што ги имаат во фиока веќе неколку години. Сум видел такви случаи во пракса многу пати.

„Дефинитивно не правете го тоа. Тоа е само настинка, тоа е само вирусна инфекција и ќе помине. Антибиотиците се корисни ако сте со намален имунитет и сте развиле секундарна инфекција како инфекција на градниот кош но тоа ќе помине“, објаснува овој фармацевт и додава:

„Со земање антибиотици кога не ви се потребни, придонесувате за отпорност на антибиотици, каде што вашето тело се запознава со антибиотик, така што кога навистина ќе ви треба, тој нема да биде доволно ефикасен. Затоа, не земајте антибиотици кои вашиот лекар не ви препишал“.


FOTO: Freepik