Fashion Group прослави 50 години од првите Timberland чизми
Потрагата по совршените водоотпорни чизми во седумдесетите, за Нејтн Шварц и неговите синови ќе резултира со, денес веќе култниот, модел кој ќе го наречат Timberland чизми.
Првиот изработен пар чизми се појавува на сцена во 1973 година, воопшто не претендирајќи да стане модна икона. Сепак, половина век подоцна, дизајнот на семејството Шварц се наоѓа меѓу култните!
Една од најпопуларните обувки ширум светот годинава прославува златен јубилеј, а Fashion Group одлучи да го прослави на начин кој ги израдува посетителите на продавницата на брендот во Сити Мол.
Сите оние што во својата колекција можат да се пофалат со Timberland чизми, изминатиов викенд можеа да ги „освежат“ и да им го продолжат животот со пeрсонализиран цртеж или порака, а уметникот Игор Стевковски Стевац ги направи желбите реалност!
Со својата вештина, прецизност и креативност, Стевац придонесе да се продлабочи врската помеѓу Timberland и купувачите, создавајќи спомен кој ќе живее колку уште еден јубилеј.
И токму со ваков уметнички и урбан пристап, сите што посакаа да направат нешто ново со своите омилени чизми, всушност придонесоа слоганот „Искажи ги твоите вистински бои“ да добие контекст кој ја слави пред се' индивидуалноста. Токму затоа, сите оние што заминаа дома со нов изглед на своите Тимберленд чизми, сега можат со сигурност да се пофалат дека никој нема како нивните чизми!
Настанот беше надополнет со одлична музика, среќно тркало со многу подароци, како и одлични промоции.
Од првите жолти, денеска Timberland речиси и да нема боја во која можете да ги најдете култните чизми и така да ја одберете онаа која најдобро ја отсликува вашата личност и моден вкус!
Фотографиите ќе ја заокружат приказната за моделот кој со овој јубилеј докажа дека Timberland чизмите не само што се отпорни на дожд и снег, тие се отпорни на годините и трендовите и нивниот статус на „култни“ ќе го задржат уште долго!
*пр-објава