Фикусот Бенџамин треба да го има секое семејство во својот дом: Носи хармонија и пари, но само ако се чува овде!
Бенџаминот или уште познат под името расплакана смоква е омилено собно растение кое води потекло од тропските предели на Азија – Индија и Малезија. Со малку нега може да прерасне во прекрасно тропско дрво или во поголема грмушка во домот. Од него можете да создадете (додека е младо) свое бонсаи дрво во кое ќе уживате. Бенџаминот е најпознат вид од родот на фикуси.
Секоја растение има своја моќ и поседува најсоодветно место. Ако случајно не се следат принципите на Фенг Шуи, ставањето на погрешно место на ова растение во вашиот дом, може сериозно да ја наруши енергијата.
Сами по себе, растенијата го намалуваат нивото на нервната напнатост во еден дом, па фикусот Бенџамин бара да се стави во вистинската област, со цел да има позитивно влијание врз вас, вашиот дом и членовите на вашето семејство.
Според Фенг Шуи филозофијата, Бенџамин се чувствува како дома кога се наоѓа во југоисточниот дел на станот, каде што им помага на сите членови на семејството да мислат мудро, да донесуваат информирани одлуки и да заборават на агресија. Исто така, овој фикус промовира мир и хармонија во семејството, совршено ги корегира човечките дефекти. Во негово присуство, луѓето ќе се чувствуваат побезбедно, додека оние кои се малку луди ќе станат потивки и порационални.
Во дневната соба, фикусот ќе игра клучна улога, затоа што, освен што ќе создаде поволна клима за разговор и уживање. Исто така, овој фикус ќе донесе и пари за семејството, доколку се најде во кујнската област, каде што ќе ве штити од глад и сиромаштија.
Ако страдате од несоница, овој фикус треба да го најде своето место во спалната соба, бидејќи ќе го прочисти воздухот кој го дишете во текот на ноќта и ќе го нормализира вашиот сон.
Во прилог на деловните простории, тој е идеален декор, доколку се наоѓа во југоисточниот дел на или во близина на работната маса.
Фенг Шуи ви кажува да го задржите фикусот подалеку од североисток, југозапад или централен дел од вашиот простор.
Се разбира, ако сакате фикусот да ги донесе сите овие придобивки, тој мора да биде здрав и, според тоа, имате многу за да се грижите.
Никако не смее да биде на провев, а потребно му е повеќе светлина, бидејќи листовите ќе почнат да пожолтуваат и да паѓаат. Идеална температура за одгледување е 14-18ºС.
Треба да се внимава на правилно залевање. Во зима залевајте го секој десетина дена, а во лето двапати неделно. Никако не дозволувајте да стои во вода. Петнаесет минути по залевањето, одлијте го вишокот вода од подлошката. Во текот на пролетта и летото прихранувајте го еднаш месечно со течно ѓубриво за собни листести растенија. Повремено оросувајте му ги листовите.
Пресадувајте го секоја година. Подоцна, кога веќе е во голема саксија, нежно отстранете го горниот слој земја и заменете го со нов.