Fixie Period Panties продолжува со кршење на табуата за менструацијата

Добивај вести на Viber

Се одржа настан за отворање дијалог за женското репродуктивно здравје

На 28 мај, кога во светот се одбележува Денот на менструалната хигиена, чија цел е да се скршат табуата врзани со менструацијата, македонскиот бренд Fixie Period Panties организираше настан токму со цел отворен и гласен дијалог без предрасуди за репродуктивното здравје и менструацијата.

Настанот се одржа во просториите на „Луксантика“ во Градскиот трговски центар, во присуство на голем број еминентни и јавни личности, кои отворено ја дадоа својата поддршка во кршење на табуата за менструацијата.

„Токму на денешен ден во повеќе земји од светот се одбележува Ден на менструалната хигиена, со цел да се покрене јавната свест за важноста од добра менструална хигиена, особено во земјите со понизок статус, но воедно и да се зборува против предрасудите врзани со овој совршено нормален биолошки процес на жената. А, нашата цел е токму тоа: да зборуваме гласно и отворено за репродуктивното здравје и да ги скршиме табуата за менструацијата во Македонија. Fixie Period Panties е вистински женски бренд кој суштински ги разбира жените, а нашата мисија е мотивација и едукација за сите жени, борејќи се понатаму во нашата визија за искоренување на менструалната сиромаштија во земјата“, изјави Јасна Петков Стојановиќ, иноватор на брендот Fixie Period Panties.

На настанот свое обраќање имаше и Д-р Татјана Гуржанова, гинеколог-акушер и ИВФ специјалист, која зборуваше за здравјето на жената и менструацијата, како една од најважните теми за кои се залага и брендот Fixie Period Panties, а се обрати и прекрасната Ребека Јанковска Ристески со инспиративен текст за мисијата за која што се залага брендот Fixie Period Panties.

Присутните, исто така, имаа можност да уживаат и во специјално „стенд-ап“ шоу насловено „Интимни приказни“, по сценарио на професорката по македонски јазик и популарно ТВ лице Тања Алексиќ.

На крајот беше најавена и ексклузивната соработката со познатиот лондонски дизајнер на женска долна облека Игор Пачемски Џонс кој ќе ја дизајнира следната линија за брендот Fixie Period Panties. Тој истакна дека е особено среќен за оваа соработка, бидејќи Fixie истовремено е иновација, функционалност, но и силна порака за жените, а тој со своето долгогодишно искуство стекнато со работата во глобалната индустрија на моден дизајн, ќе придонесе и за префинет, уникатен изглед за секоја пригода.

Инаку, Fixie Period Panties се гаќи со дупло дно на кое совршено се вметнуваат крилцата на влошката и истите нудат удобност, комфорт, слобода во движењето и дополнителна заштита во деновите кога имаме менструација.