Формулата за природен, зелен сок е едноставна: Жена од 103 години ја открива тајната за долг живот

Баба од Јамајка открива една здрава навика која и помогнала да живее толку долго.

Секој велнес експерт ќе ви каже дека добрата исхрана е од суштинско значење за долг и здрав живот. Перл Тејлор којa има 103 години живее во Охајо и стекна популарност споделувајќи ги своите тајни на TikTok, каде што е позната како „Баба од Јамајка“. Таа верува дека клучот за долг и здрав живот е во рецептот за зелен сок.

Во едно видео Тејлор изјави дека тајната за долг и здрав живот е пред се љубовта. „Навистина се сакам себеси“, вели Тејлор во видеото што го објави нејзината 34-годишна внука. „Мислам дека повеќето луѓе имаат проблем затоа што не размислуваат за себе - тие размислуваат за сите други, знаеш? Но, прво треба да размислите за себе. Прво треба да си помогнете себеси“.

Секако, има уште некои поопипливи фактори кои придонеле за долг и здрав живот на Тејлор. Покрај тоа што сè уште живее сама, оваа 103-годишна жена може да се движи по скалите од својот двокатен дом, никогаш не боледувала од рак и до неодамна можела да оди без шетач, пишуваат од веб-страницата Best life.

Голем дел од нејзината долговечност произлегува од нејзината хипернезависност, фактот што таа живеела сама сите овие години, се хранела навистина здраво и останала прилично активна, покрај нејзиниот позитивен начин на размислување.

Тејлор обично ги готви своите оброци фокусирани на риба, зеленчук и салати. Но, дури и нејзините навики во исхраната не се секогаш толку „здрави“ како што би можеле да бидат. Тејлор од време на време се препушта на некои задоволства, како сладолед, слатко вино и чипс.

103-годишната жена исто така рече дека имала познаник кој поседувал продавница за здрава храна и тој ја научил на многу работи.

Но, постои еден рецепт што Тејлор го применува. Секој втор ден, таа сè уште пие чаша зелен сок кој содржи свежа алое вера исечена на коцки, кељ, магдонос, ѓумбир, целер, една лажичка зеленило во прав што ја купува во продавницата за здрава храна, вода и засладувач по вкус. Мојот дигестивен систем е навистина одлично“, вели 103-годишната жена, токму поради зелениот сок. „Го пијам скоро 30 години“ - открива таа.


ФОТО: Фрипик