(ФОТО) Погледнете како ќе изгледа Теа во спотот за нејзината „Бла, бла, бла “

„Бла, бла, бла“ е новата песна на атрактивната и млада пејачка Теа Трајковска која за неколку дена ќе биде промовирана на сите радиостаници и телевизии во Македонија. Песна на која како текстописец се потпишува токму Теа, а музиката и аранжманот се дело на Лазар Цветковски.

Исто така, за новата песна пред два дена беше снимен и видеоспот, во кој ќе имате прилика да ја видите Теа во едно урбано и помалку провокативно издание.

-Се обидовме да снимиме летен, урбан видеозапис, кој енергетски ја доволува содржината на песната. Можам да кажам дека имавме супер позитивна атмосфера на снимањето со целиот тим и се надевам дека песната ќе стигне до својата публика – вели Трајковска.

Инаку видеоспотот го изработи „Пирамид Продукција“, а се снимаше во една луксузна куќа во главниот град.