(ФОТО) 36-годишната ѕвезда очекува дете со 71-годишниот сопруг: Годините не се проблем

Американската пејачка и актерка Катарин Мекфи официјално ја потврди својата бременост на Инстаграм 

36-годишната Катарна го очекува своето прво дете со 71-годишниот сопруг Дејвид Фостер, по една година брак

Катарин Мекфи официјално потврди дека чека бебе со сопругот Дејвид Фостер, на Инстаграм и покажа дека разликата од 35 години меѓу нив не е никаков проблем.

На фотографијата актерката носи небесно сино палто додека го гали своето стомаче.Се чини дека бојата на палтото го навесува полот на нејзиното дете. Преубавото волнено палто е со потпис на „Pearl by Lela Rose“ и чини цели 505 фунти.

Фановите го преплавија нејзиниот пост со коментари со честитки, а идната мајка навистина изгледа одлично.

*52-годишниот италијански милионер очекува дете со двојно помладата девојка