(ФОТО) ЅИРНЕТЕ ВО ГЛАМУРОТ: Еве како ќе изгледа сцената за Оскар

Најпрестижната холивудска манифестација – Оскар ќе се одржи во недела и тоа по 90-ти пат.

Поради  јубилејното доделување на наградите на Академијата за филмски уметности и науки, сцената во Долби театарот во Холивуд ќе блесне во полн сјај.

Оскаровската сцена ќе биде украсена со 45 милиони кристали „Сваровски“.

Дизајнерот Дерек Меклејн, кој  шести пат по ред е задолжен за изгледот на сцената, ќе ја „мами“ публиката со блескав спектакл. 


За разлика од лани кога упореби елементи од Арт-деко правецот, оваа година апстракцијата е во фокусот. 

На сцената ќе има и огромни кристални лустери, а елементите ќе бидат видливи и на огромните ЛЕД екрани зад сцената.