(ФОТО) Александра Пријовиќ со синот на планина во Србија, а Лепа Брена и Боба на Малдиви

Пејачката избега од метежот и вревата во Белград и ги поминува празниците на планина, па покажа со што е воодушевен нејзиниот син

Пејачката Александра Пријовиќ реши да помине убави и сончеви денови во новата година на чист воздух и во природа. Свекрвата и свекорот на Прија, Лепа Брена и Боба Живојиновиќ, новогодишните и божиќни празници ги минуваат на Малдивите, а пејачката се одлучи за најубавата српска планина - Златибор.


Имено, Пријовиќ таму е со нејзиниот наследник Александар, а фотографиите покажуваат дека многу убаво се забавуваат и уживаат во сончевите зраци.

Александра ги воодушеви сите свои следбеници на Инстаграм фотографијата на која нејзиниот син позира покрај езерото, а собра и голем број позитивни коментари за нејзиниот совршен изглед.

*Сакам повеќе деца: Александра Пријовиќ откри детали за проширување на семејството