(ФОТО) Бидете во тренд: Хит нијанси за пролетни фризури

Butercrem blond е една од оние нијанси за кои стилистите за коса предвидуваат дека ќе биде многу популарна во 2021 година

Butercrem blond нијанса е мешавина од шампањ и мед и е одличен избор за потоплите, пролетни денови.

View this post on Instagram

A post shared by Stephanie Brown (@stephaniebcolor)



Ако размислувате за промена на вашата фризура, може да размислите за посветла нијанса за таканаречената Butercrem blond, која е една од оние нијанси за кои стилистите за коса предвидуваат дека ќе биде многу популарна во 2021 година. И додека зимата е претежно резервирана за потемни нијанси, со доаѓањето на потоплата сезона, фокусот е на топлите нијанси во кои главниот збор го имаат бојата на шампањот и златните тонови. Една од боите за која професионалците тврдат дека ќе биде хит е нијансата која наликува на бојата на путерот, а најдобар ефект дава кај прамени.

View this post on Instagram

A post shared by Mallery Share (@hellobalayage)


Butercrem blond е природна нијанса која и дава волумен на косата. Поради комбинацијата на бои, косата изгледа сончево, а благодарение на мешавината на топли и малку поладни прамени, оваа боја им ласка на различните нијанси на кожата. Ако размислувате да преминете во малку посветла нијанса, размислете за русокоса крем путер нијанса затоа што тоа е совршена комбинација на боја на шампањ и боја на мед. Резултатот е ефективен „лак“ кој не е тешко да се одржи.

View this post on Instagram

A post shared by Mallery Share (@hellobalayage)


"Оваа боја најдобро ќе ја добиете ако веќе имате посветла коса. Тоа е одличен избор за дами кои сакаат да направат мала промена, а не сакаат да ја обојат косата целосно руса", изјави стилистката Лора Грумел. Таа додаде дека оваа нијанса е одличен избор затоа што е лесна за одржување, а до неа може да се стигне многу лесно, дури и кај лице со потемна коса. За уште подобар волумен, стилистката советува малку полесни нијанси што ќе го обликуваат лицето, како и почести прамени.


Фото: Инстаграм/hellobalayage/stefaniebcolor

Можеби ќе ве интересира:

(ВИДЕО) Направете совршени локни со само еден чорап: Без употреба на обликувачи за коса