(ФОТО) БОЖИЌНА ПЕСНА ГИ ОБЕДИНИ ПЕЈАЧИТЕ

Добивај вести на Viber

Елена Ристеска, Стефан Филиповски од дуото „Некст тајм“, вокалистката на етно-составот „Љубојна“, Вера Милошевска, заедно со Влатко Лозаноски и Димитар Андоновски  снимија нова божиќна песна. Темата е насловена „Небо и Земја“.

- Со оваа песна го најавуваме големиот празник на Христовото раѓање и ги каниме сите да дојдат на големата манифестација на 6 јануари, Бадник, пред платото на црквата Св.Димитиј заедно да се дружиме и да празнуваме. И на крај им се заблагодарувам на сите мои драги колеги од естрадата што искрено и со со голема љубов се приклучија и се дел од оваа песна, мојот духовен татко Отец Партениј, сестра Касијана и сите други добронамерници кои ни помагаат и се вклучени во овој проект, затоа што нема поубаво и почисто чуство кога му пееме и го празнуваме Бога. Ве љубам сите луѓе мои - напиша Андоновски на социјалните мрежи кој е и иницијатор на проектот.