(ФОТО) Дали е ова иднината на забавите: Дизајниран костим кој овозможува да останете заштитени од коронавирус
Дизајнери создадоа концепт на заштитна опрема, инспириран од костумите hazmat.
Овој костум инспириран од хазмат костумите ви дозволува да танцувате и пиете, останувајќи безбедни и заштитени од коронавирусот на концерти и во клубови.
Воздухот се филтрира со помош на филтри N95, а костумот што работи на батеријата го контролира паметен телефон.
Забавите најверојатно ќе го променат својот тек во светот на пост-коронавирусот. Дизајнерите од Клуб на продукција (Production Club) создадоа Микрашел (Micrashell) - костум за тело што „ви овозможува безбедно да се дружите во време на пандемија“.
Креаторите овој изум го нарекуваат„општествено одговорно решение“ за да им овозможи на луѓето да бидат заедно без да се дистанцираат, особено во однос на обновувањето на ноќен живот и забавите, на концерти и клубови.
Продукцискиот клуб, со седиште во Лос Анџелес и Шпанија, вели за медиумите дека тимот работел во 12 часовни смени помеѓу двете временски зони за создавање на прототипот. Други во индустријата претежно се фокусираат на решенија за виртуелни настани, додека Micrashell го преиспитува начинот за да се соберат луѓето лично. Досега костимот е само концепт и не е на продажба, но може да биде, во иднина.
„Нашата примарна замисла е дека ќе се продава на бизниси не на лица“, велат за Бизнис Инсајдер.
Еве како работи:
Костимот може да се носи преку облека, а носителите можат да одат во тоалет без да го отстранат целиот костум.
Се напојува со две литиум-јонски батерии, кои исто така може да се користат за полнење на мобилен телефон.
Чистиот воздух е вшмукан во отворот на задниот дел од шлемот. Потоа, воздухот го снабдува шлемот и се дистрибутира во предниот дел, дозволувајќи им на луѓето да танцуваат еден до друг, без да дишат ист воздух.
Штитот околу очите е хибриден материјал, а остатокот од шлемот е провиден и изработен од флексибилна ткаенина за да се овозможи движење.
Областа на шлемот има сè што му е потребно на едно лице за безбедно концертно искуство - филтриран воздух, висококвалитетни звучници и амортизирање за да се обезбеди удобно вклопување.
За целосно да се почувствува искуството во ноќниот живот, Микрошел дури има начин за носителите на костимот да можат да пушат и пијат додека остануваат заштитени.
Канистри со алкохолни и безалкохолни пијалоци, магнетно се налепуваат на костумот. Носителите можат да ги консумираат со притискање на копче и можат да видат колку останува со користење на интегрираната апликација за паметни телефони.
Креаторите, исто така, потенцираа и други придобивки од овој систем, како што е намалување на долги редици за чекање на шанковите.
Ракавиците и шлемот имаат магнетни држачи за прицврстување за да може лесно да се стават и да се спречи контакт со други површини. Ултра чувствителни се за одржување чувство на допир.
Паметен телефон стои во торбичка на раката, а сите аспекти на костумот ги контролира телефонот.
Носителите можат да зборуваат едни со други со помош на безжичен говорен комуникациски систем заснован на физичка локација. Различни режими за приватност им овозможуваат на сите или само одредени групи на луѓе, да зборуваат, како што е списокот со контакти. Исто така може дури и да ја ограничи комуникацијата само на одредени луѓе.
Овозможува носителите да контролираат нивоа на аудио - како намалување на аудио-нивоата на диџејот, за да водат разговор со пријател - може да го подобри и традиционалното концертно искуство.
Костумот е дизајниран да биде со една големина, која одговара на сите, со систем на ремени што може да се прилагоди на секого. Исто така може да се персонализира со лепенки и додатоци, како оваа торбичка.
Костумот има камера на пределот на градниот кош што гарантира дека видот на носителот не е попречен од слепи точки на шлемот или друга опрема.
Шлемот е покриен со LED светла што можат да се контролираат преку апликацијата, така што во зависност од тоа како се користи костумот, луѓето би можеле да ја сменат светлината за да сигнализираат различни емоции.
Додека многумина експериментираат со виртуелни концерти, Micrashell може да биде ветувачки начин да им овозможи на луѓето да се соберат лично пред да се развие вакцина.
фотот: Micrashell. Production Club
извор: businessinsider