(ФОТО) Џенифер Лопез, Селма Хајек, Шарлиз Терон како најлошо облечени дами на Златни глобуси 2020
Никој не очекуваше од нив да направат толку големи модни грешки, кога важат за едни од најубавите славни личности во светот. Но сепак докажаа дека и тоа е можно.
Оваа година, на доделувањето на Златните глобуси, овие четири дами изгледаа навистина лошо.
Селма Хајек
Таа е во брак со билионерот кој го поседува „Гучи“, па секако е обврзана да се носи и изгледа скапо. Но ова личи на фустан кој е направен за некој три пати помал од Селма.
Џенифер Лопез
Џенифер Лопез во креација на Валентино ветува многу, но овојпат сме само многу разочарани. Убавицата изгледаше како Божиќен подарок.
Шарлиз Терон
Што е со оваа како недовршена креација на Диор. Спојот на овие две бои, како и материјали изгледа навистина лошо.
Гвинет Патроу
Оваа креација на Фенди, изгледа ни помалку, ни повеќе како скапа ноќница креирана за кралското семејство.