(ФОТО) Градиште непрепознатливо, без гужва и со бесплатни лежалки и паркинг

По големата гужва и непочитувањето на мерките за заштита минатиот продолжен викенд, Градиште во Охрид денес е мирно и тивко. Лошото време утрово ги пишмани туристите да дојдат на најпопуларната охридска плажа. Градиште денес, наспроти Градиште за Илинден, како да е друго место. 

Повеќето од шанковите не работат,лежалките се слободни речиси сите, рампата е отворена, паркингот е бесплатен. Во оваа идила,најмногу уживаат камперите староседелци кои имаат свои приколки во првиот ред до езерото.


Откако времето попладнево во Охрид се отвори и повторно е сончево, сопствениците на приколките коментираа: "Конечно раат. Си имаме приватна плажа." 

(М.Џ.)