Животна училница // Приказни
(ФОТО) Градиште нема игла кај да падне, а во Охрид и Струга има 279 активни случаи
Постојано се појавуваат фотографии кои сведочат дека градот Охрид е преполн со туристи. Овојпат продолжениот викенд за празникот Илинден, повторно ги натера сите да заминат накај Охридското езеро.
Фотографиите направени на плажата Градиште, буквално покажуваат дека што би се рекло народски „нема илга кај да падне“. Луѓето безгрижно седат еден до друг, без почитување на никакви заштитни мерки.
Инаку во периодот од 25 до 31 јули, податоците од Центарот за јавно здравје велат дека во Охрид има 84 активни случаи, додека пак во соседна Струга 195 активни случаи. Вкупно тоа се 279 активни случаи до вчерашниот ден.
Д. Караташова
Фото: Женски Магазин