(ФОТО) Христијан Мицкоски на техно-забава

Добивај вести на Viber

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, синоќа го следеше настапат на светски познатиот диџеј Армин Ван Бурен кој настапи на Ohrid Calling, информира порталот „Охрид1“.
Мицкоски беше во друштво на партискиот портпарол Димче Арсовски, Претседателот на комитетот во Охрид Сашо Донев и уште неколку млади лица.

Претседателот на најголемата опозициска партија претходно за „Женски Магазин“ откри дека ова лето не планира да ја напушти државата и со семејството ќе остане во Македонија наредниот период.

- Единствено се чини веројатно дека можеби ќе имам по некој продолжен викенд во некои од македонските туристички центри, веројатно тоа би било Охрид во придружба на сопругата и двата сина - ни изјави Мицкоски.