Животна училница // Приказни
(ФОТО) Иста како мама: Ќерката на Биба Додева е нејзина копија
- 29 Февруари, 2020
Емануела, ќерката на Биба Додева, е огромна поддршка на мајка си во она што таа го работи, и секогаш е дел и од нејзините хуманитарни проекти, како и во здружението за борба против рак на дојката „Борка".
Биба и Емануела се две неразделни другарки кои постојано се поддржуваат во сѐ, а пејачката објави и фотографии со својата ќерка од „Златна Бубамара“. Судејќи по нив Емануела навистина многу наликува на мајка си.
Таа раскажа дека истата љубов која ја чувствува за ќерка си, сега ја има и кон малиот Александар, и како баба гледа да е пример за сѐ. Првиот збор на внукот бил баба, а Биба е воодушевена и изненадена од посветеноста на Емануела, па ја смета за подобра мајка од себе, бидејќи стига и да студира и да работи и да го чува синот.