(ФОТО) Како изгледа денес: Жената на која Бора Чорба ѝ ја посвети „Остани ѓубре до краја“

Билјана Невајда беше една од најубавите модели во Југославија. Русокосата убавица како модел од 70-тите работеше со полно работно време и беше една од најпопуларните девојки во земјата.

Популарноста и убавината ја доведоа до една од најголемите sвезди во тогашно време, а штом ја запозна, Бора Чорба фатално се заљуби во неа.

Русокосата лесно го заведе фронтменот на групата „Рибља чорба“, но брзо ја прекина нивната врска затоа што, како што вели, никогаш не можела целосно да му верува. По раскинувањето, таа започна врска со маж од Сараево и се пресели во Белград. Тоа е времето кога настана култната песна „Остани ѓубре до краја“, која Билјана ја слушнала пред да биде објавена на албумот во 1979 година „Кост у грло“.

- Беше вечер. Телефонот ми заѕвони, се јави Бора. Те молам, дојди да се видиме да ти ја прочитам песната што ти ја напишав. Се подготвив и отидов да го видам, кога таму-исто како во песната: „Додека стојам на шанкот, делумно пијан, мрзејќи се по малку и себе и другите, убива полека коњакот, цигарите“ (се смее). Седнаваме на масата и тој во еден здив ми ги прочита стиховите од неговата позната тетратка: „Барем насмевни се кога ќе ме видиш, остани ѓубре до крај!“ Отпрвин, тоа „ѓубре“ ми звучеше малку грубо, но кога сфатив дека „ѓубре“ е всушност една опасна, феноменална личност од која беше фасциниран, а таа немилосрдно го остава, дефинитивно ми се допадна песната! Во тој момент тоа не предизвикало земјотрес во мене. Се сеќавам дека дури бев рамнодушна кога тие ја пуштија оваа песна на мојата свадба. Тоа воопшто не ме допре “, изјави своевремено Билјана за српски „Телеграф“.

Денеска Билјана ужива во мирните пензионерски денови и во хармоничниот брак, но секогаш со симпатиите се сеќава на тие убави времиња, и додава дека кој ги знае текстовите на песните на Чорба, знае зошто е подобро да се биде јунакот од песната „Остани ѓубре до краја“ околку на „Лутка са насловне стране“.