Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Каролина Гочева на Миконос: Македонско девојче по последна мода
Поп-пејачката Каролина Гочева обожава да ужива на плажите на нашиот јужен сосед Грција. Иако многу ретко споделува интимни моменти од својот живот, овојпат таа реши да им открие на своите фанови дека се забавува на Миконос со своите пријателки.
Како и секогаш, „македонското девојче“ се носи по последна мода.
Црна комбинација со модерни влечки и чантичка, како и ниска пунџа, е еден од аутфитите со кои Каролина воодушевува на Миконос.
Во лежерно издание во удобен бел фустан со гол грб, Каролина покажа како идеално да се облечете за плажа или прошетка низ град.
Да се потсетиме, Каролина минатото лето има спомени од Миконос со својот сегашен сопруг Михаил Корубин.
И тогаш не потфрли со своите тренди „аутфити“ .