(ФОТО) Кејт Мидлтон или Дру Баримор: Модни сродни души
Не само што носеа идентичен фустан - го носеа истата вечер!
Кејт Мидлтон и актерката Дру Баримор се модни сродни души.
Војвотката од Кембриџ и познатата актерка веќе се видени неколку пати во идентични комбинации.
Сопругата на принцот Вилијам за прв пат е видена на забава во фустан со цветен принт потпишан од Ванеса Соард, го комбинирала со црна чанта и црни чевли.
Дру многу слично го комбинираше овој идентичен свилен фустан со црна чанта и црни чевли со полни високи потпетици.
Сепак, во текот на истата година, тие имаа уште еден идентичен стајлинг, но тоа не е сè - беше во ист ден!
Двете носеа ист фустан инспириран од ретро мотиви, кој беше дизајниран од Тори Бурч. Војвотката го облече фустанот на приватна вечера со кралот и кралицата на Бутан, а Дру го носеше овој фустан на забава во Њујорк таа вечер.
извор:glossy.espreso.rs