(ФОТО) Кејт Мидлтон стана блондинка: Конечно ја промени бојата на косата
Добро е познато дека членовите на кралското семејство мораат да следат одреден протокол кога станува збор за нивниот изглед, но Кејт Мидлтон отсекогаш имала начин да ги промени работите без да претера.
Нејзината природна, кафеава боја на коса ја негуваше со години.
Но, се чини дека Војвотката се одлучила за промена на имиџот.
Во последното видео обраќање кое го имаше деновиве, Кејт се појави со осветлена коса, со златести прамени, па сега е русокоса.
Војвотката докажа дека светлите тонови не се резервирани само за летните денови. Златестите прамени одлично се совпаѓаат со есенските нијанси кои не' опкружуваат.
-Трик: Зошто Кејт Мидлтон никогаш не изгледа чудно на фотографија
-Исхраната на Кејт Мидлтон: Вака ги одржува витката фигура и чистото лице