(ФОТО) Кили стана дедо во Еквадор, внукот го носи презимето на бабата

Добивај вести на Viber

Актерот Кирил Поп Христов – Кили утрово стана дедо. Неговата ќерка Јоана се породи во Еквадор, каде што живее со сопругот Родригез Сориа Хосе Луис.

Јована роди машко дете, кое на желба на родителите се вика Аниш Круз Родригез Деан. Последното презиме е од мајката на Јоана, сопругата на Кили, Гордана Деан Поп-Христова, основач на балетското студио „Ребис“. 

Среќната вест, на социјалните мрежи ја актерката Нина Деан, сестрата на Јоана која живее во Скопје. „Добредојде на светот, Аниш Круз Родригез Деан. Те сакам сестро“ напиша Нина на Фејсбук. 

Среќната мајка и тетка.- Гордана Деан Поп Христова со постарата ќерка, актерката Нина Деан 

Гордана на својот Фејсбук исто така на оргинален начин соопшти дека има внук. Таа на шест јазици го напиша зборот баба. 

Јоана со синот 

„ Совршено сум пресреќен зашто им ја гледам љубовта како дури и прекипува. Колку е тоа прекрасно кога сакаш. Бебето ќе биде маестрален производ на тоа силно сакање“, напиша Кили на својот Фејсбук профил по свадбата на ќерката. 

„ За жал, јас за врме на свадбата бев во Австрија. Но, животот е суров. Мислев дека ќе ми биде тешко, пуштив некоја солза. Тогаш бев во Виена кога се вклучија во живо, а вистинската забава ќе се случи кога ќе се вратам“, изјави тогаш актерот.  

Јоана со сопругот Родригез Сориа Хосе Луис кој е од Еквадор