(ФОТО) КОШУЛА ВЕРСАЧЕ И КАУБОЈСКИ ЧИЗМИ: Лепа Брена пристигна во Скопје

Добивај вести на Viber

Во кошула со дизајнерски потпис на Версаче, ѕвонести фармерки и каубојски чизми, Лепа Брена се појави на денешната прес-конференција во Скопје со која го најави концертот кој ќе се одржи на 15 декември во ВИП Арената „Борис Трајковски“.

- Многу ми е драго што во Скопје ќе пеам на микрофонот кој ми го подари мојот сопруг Боба. Кога ја слушнав Адел како пее на ист таков модел на микрофон посакав и јас да го имам, па сопругот ме изненади со овој скацопен подарок - изјави балканската ѕвезда за „Женски магазин“.

Брена најави богато шоу, а во Македонија доаѓа со истата продукција од двата белградски концерти кои се одржаа во октомври. 

М.Џ.