(ФОТО) Кристијан го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Добивај вести на Viber

Кристијан Нинески го фати крстот што денеска точно на пладне беше положен во водите на реката Вардар од поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан.

На традиционалниот настан по повод големиот христијански празник Богојавленије Водици денеска во центарот на Скопје, на мостот „Слобода“  учествуваа голем број на верници и граѓани.