(ФОТО) Лејди Гага е бремена

Откако е завршено снимањето на филмот „Ѕвездата е родена“, Лејди Гага и Бредли Купер не се симнуваат од насловните страници на весниците и на таблоидите. Светските портали упорно пишуваат дека Гага е главната причина што актерот реши да се раздели од сопругата Ирина Шајк.

Сега, медиумите пишуваат дека наводно пејачката е бремена. Во еден магазин излезе фотографија на која што Купер го прегрнува стомакот на Гага, па од таму сомнежите дека поп-ѕвездата чека бебе. Според магазинот „In Touch“ нема сомнеж дека детето е токму на Бредли. 

Во јавноста веќе се шпекулира дека бременоста на Гага е причината што тој се раздели од Ирина Шајк.