(ФОТО) Љубов: Мила Царовска доби бакнеж од Кан

Мила Царовска, потпретседателката на СДСМ, носител во Изборната единица 1 попладнево објави фотографија од Скопската зоолошка градина.

Таа на фотографијата е во живеалиштето на двата морски лава. Фотката е насловена љубов, а на неа Царовска се бакнува со Кан, еден од морските лавови. Кан живее во ова живеалиште со помалиот морски лав Гете.