(ФОТО) Маврово денес празно и со малку снег

На стартот на скијачката сезона, во Маврово викендов е празно. Во нашиот најпопуларен зимски центар се уште нема доволно снег, а студеното време и маглата ги спречи скијачите да го поминат викендот на Бистра.

Маврово неодамна ги објави цените за ски картите за оваа сезона.

Дневната карта за возрасни е 1.100 денари, а за деца 800 денари. Двонеделна за возрасни чини 11.500 денари, а за деца 8.300 денари. Сезонската ски карта, пак чини 20.000 денари за возрасни и 14.000 денари за деца до 12 години. За локалното население, сезонската карта изнесува 13.000 денари за возрасни и 10.000 денари за деца. Сезонската карта за жичарата е 3.000 денари за возрасни и за деца.