(ФОТО) Меган и Хари со синот во Јужна Африка: Арчи облечен како татка си пред 34 години

Добивај вести на Viber

Принцот Хари и Меган Маркл се на официјална турнеја во Јужна Африка, а со себе го понесоа и четиримесечниот син Арчи Харисон, што за фановите на кралското семејство е прилично неочекуван потег.

Двојката претходно објави дека Арчи ќе остане во резиденцијата со дадилката, додека Меган и Хари се зафатени со протоколарни средби, но очигледно се предомислија.

За официјалниот дочек, Меган се појави во бели фармерки и маица со сив капут и балетанки во неутрална боја. Фотографиите се со послаб квалитет, но јасно се гледа дека малиот Арчи е речиси идентично облечен како неговиот татко пред цели 34 години.