Фото на денот: Полицајци поставија играчки на мостот за децата бегалци

Полицијата постави играчки на мостот на границата меѓу Полска и Украина, а причината го расплака светот.

На границата на Украина и Полска, луѓе со меко срце оставија играчки за децата бегалци за да им донесе насмевка на лицата, барем накратко, во овие тешки времиња.

Новинарката Дарија Сипигина на својот Твитер профил сподели фотографија од трогателната сцена.


– Полицајците им оставија играчки на украинските деца на граница за секое дете кое поминуваше да земе играчка со себе – напиша таа.

На фотографијата можете да видите разновидни шарени мечиња и други играчки кои се внимателно поставени покрај дрвениот мост.

Да потсетиме, на граничниот премин Медика, украинските бегалци беа пречекани и помогнати од полската армија, како и од доброволци од целиот свет.

Волонтерите на границата обезбедуваат вода, храна, овошје и друго за бегалците.


Фото: Твитер