(ФОТО) Насилството врз жените не е само женско прашање: Владата во симболична портокалова боја
Денеска, 25-ти ноември е светскиот ден за борба против сите форми на насилство врз жените. За тој повод, зградата на Владата на Република Македонија е осветлена во бојата која е симбол на ваквата борба- портокалова.
- Владата на Република Македонија цврсто стои зад заложбата за нулта толеранција спрема секоја форма на насилство врз жените и девојките.
Неодамна ја ратификувавме Истанбулската Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, а минатиот месец го усвоивме Акцискиот план 2018-2020 за спроведување на конвенцијата.
Насилството врз жените не е само женско прашање, туку прашање кое се однесува на секој еден од нас. Токму затоа мора да работиме заеднички да ставиме крај на истото - напиша премиерот Зоран Заев на својот профил на Фејсбук.
„Слушни ја“’ е годинашното мото, а кампањата која се одржува во светски рамки, почнува денеска и ќе трае до 10-ти декември. Целта е да се поттикне свесноста на заедницата и индивидуалниот придонес во борбата против насилството врз жените и девојките.
Фото: Фејсбук-профил на Зоран Заев