(ФОТО) Ослабена и атрактивна: Ана Николиќ го „запали“ Инстаграм во провокативно издание

Популарната српска пејачка ја врати фигурата што ја имаше пред бременоста и изгледа феноменално!

Ана Николиќ во последните месеци привлекува големо внимание благодарение на фактот дека изгледа подобро од кога било, и не се колеба да ги покаже одличните резултати од вежбањето и режимот на исхрана кој го практикуваше.

Таа, овој пат тоа го направи во интересен мини фустан со точки кој ги открива рамениците и е со длабоко деколте, но сепак дава фокус на нејзините прекрасни прави нозе, кои се заштитен знак на Ана од почетокот на нејзината кариера.



Таа го комбинираше фустанот со лесен кардиган, чанта во морско сина боја и црвени сандали со високи потпетици.

Пејачката сподели две фотографии, а нејзините обожаватели се воодушевени од изгледот на Ана и ѝ честитаат за нејзиниот изглед и за упорноста со која таа си ја врати убавата фигура.



Фото: Инстаграм

Омиленото име меѓу српската естрада има посебно значење: Ќерките им се викаат исто