Ја откри: Диетата на Ана Николиќ со која ослабе 50 килограми
Пејачката Ана Николиќ успеа да изгуби повеќе од 50 килограми, а откри како ја регулира нејзината тежина и како изгледа нејзината диета. Пејачката откри како изгледа 7- дневната здрава исхрана.
- Мојата тајна како изгубив тежина. Најважен е внесот на течности. Јас имам мојат утринска рутина. Штом станам, пијам 2 чаши вода. Понекогаш со лимон, а понекогаш и без. Ова е проследено со мојот појадок, често јајце на око со домат или некој друг зеленчук. Понекогаш можеби само свежа салата или житарки. За време на ручекот, јадам бело месо или риба со варен зеленчук. Не консумирам јаглехидрати (бело брашно), се придржувам до внес на калории од 1000kcal до 1200kcal. Сосема се откажав од слатки. Од месо исто, освен од риба. Ако ми падне шеќерот, тогаш јадам една лажица нутела и замислам дека сум изела сè. Губењето на вишокот на тежина е прашање на психата- рече таа, додавајќи:
„ Човек мора цврсто да одлучи дека сака да промени нешто и на тој начин ќе успее. Првиот месец е тежок, но се навикнувате. Со помош на апчиња за слабеење, не чувствував глад и немав потреба да вечерам. Ако огладнам во доцните ноќни часови јадам малку зеленчук. Морков, краставица или само зелена салата. Колку помалку солено, толку подобро. Пијам од 2 до 3 литри вода на ден. Понекогаш 4!“
МЕНИ
Појадок:
- 2 јајца на око со еден домат
- јогурт со снегулки и 1 овошје
- јаболко и неколку ореви
- кајсија / цреши со јогурт
Ручек:
- супа од брокула
- пржени пиперки со ориз
- лосос и спанаќ
- печурки со кромид и бело месо
- зелена салата со туна / ракчиња
- спанаќ со риба
Вечера:
- јогурт
- овошје
Со сето ова секако дневен тренинг.