(ФОТО) ПОРАДИ НЕА ПУКНА БРАКОТ НА ЏЕНИФЕР АНИСТОН: Оваа уметничка го освоила Теру!
Џенифер Анистон и Џастин Теру го завршија бракот. Но, светските медиуми пишуваат како младата уметничка Петра Колинс наводно го освоила Теру и дека таа е причина за крајот на овој брак.
Џастин не страда премногу за Џенифер, тоа на сите им е јасно. Откако објавија дека се разведуваат, актерот веќе го поврзуваат со Петра.
„Беа неколку пати на пријатни забави, одат воглавно во ресторани и се дружат. А Џастин е опседнат со не аиако тврди дека се само пријатели. Се запознаа во Њујорк, таму тој има многу пријатели и всушност се тоа беше повод за неговото разделување од Џенифер“, вели неименуван извор за магазинот „Стар“.
Дека има оган и чад во овој случај потврдува и сликата која Теру ја објавил додека уште немало знаци за разделбата од холевудската актерка.
Интересно е дека Петра и е пријателка на Селена Гомез на која и го режираше спотот лани. А бидејќи Селена е пријателка и со Џенифер и тоа многу подолго одлучила да ја „поздрави“ Петра. Така јасно се ставила на страна на актерката, а новопечената двојка засега не се огласува по ниту едно прашање.