(ФОТО) ПРОВОКАТИВНА КРЕАЦИЈА БЕЗ ГРАДНИК: Теа Трајковска блесна на промоцијата на нејзиниот деби-албум

Добивај вести на Viber

Во провокативен фустан без градник младата пејачка Теа Трајковска блесна на синоќешната промоција на нејзиниот деби-албум „Која сум јас“.

Теа промовираше и видеоспот за една од темите на албумот, нумерата „Кога најдобро те познавам“.

Нејзиното првенче е дело на хитмејкерот Лазар Цветковски и неговата сестра, Магдалена Цветковска, а на дел од песните како текстописец се потпишува и самата Теа.

- Тие што ме знаат, знаат колку сакав да го затворам ова поглавје и колку работевме со Лазе за да стигнеме до тука. Пресреќна сум што албумот конечно излезе, мислам дека секоја песна си зборува доволно сама за себе и сакам да се заблагодарам на сите што беа со мене до денес и да им ветам многу нова музика од денес.За самото видео верувам дека ја доловивме емоцијата што ја носи песната, која патем е една од моите омилени теми на албумот - изјави пејачката на промоцијата.

Спотот е дело на Бане Поповиќ и „Томато-продукција“, а во него покрај Теа улога има и младиот актер Дени Ајдаревиќ и танчерката Бојана Додевска.