(ФОТО) Срцето и белите дробови пред и по прележан ковид-19: Прикажано од актерката која со недели се бореше со вирусот
ФОТО:PROFIMEDIA
Актерката со недели се бореше со коронавирусот.
Актерката Алиса Милано, неодамна го прележа коронавирусот, а сега на својот профил на Твитер објави фотографии на кои се гледа како изгледаат срцето и белите дробови кај луѓето пред и по вирусот.
„Фотографиите лево покажуваат здрави бели дробови и срце. Фотографијата десно покажува што се случува со крвните садови како резултат на ковид-19. Едноставно кажано, крвните садови се разгрануваат, што го попречува протокот на кислород во телото", напиша актерката во описот на овие фотографии.
The left is a picture of a normal, healthy, heart. The right is picture is what happens to the blood vessels from #COVIDー19. In simple terms, the splintering of the blood vessels in the right picture is what makes oxygenation so difficult. Ok...read on for pictures of lungs. pic.twitter.com/bC3fPeEj72
„Лево се здрави бели дробови. Може да видите разнобојни крвни садови. На средината има фотографија од моите бели дробови. Има помалку крвни садови отколку порано. Не знаеме дали некогаш ќе се врати во состојба како пред ковид-19. Десно е слика на белите дробови на лице кое починало од ковид“- објасни таа.
извор:glossy.espreso.rs