(ФОТО) Српската премиерка ја прими втората доза вакцина: Ги повика граѓаните да го направат истото

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, ја прими втората доза на вакцина „Фајзер“ против вирусот ковид-19.

Брнабиќ беше ревакцинирана на Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“, каде што ја доби првата доза на вакцината, на 24 декември. Премиерката прва во Србија прими вакцина против корона вирус, но и како прв премиер во Европа.

View this post on Instagram

A post shared by Ana Brnabić (@anabrnabic)


„Верувам во вакцината и во нашите институции. Ги повикувам граѓаните да го сторат истото, бидејќи со заеднички напори можеме да победиме“, напиша премиерката на Србија на својот Инстаграм профил.

Вакцината се дава во две дози, така што Брнабиќ сега го заврши процесот на имунизација.


Фото: Инстаграм/anabrnabic