(ВИДЕО) Историски ден за Србија: Премиерката Брнабиќ прва се вакцинираше против коронавирус

Добивај вести на Viber

Епидемиологот Предраг Кон истакна дека ова е историски ден за Србија, но и за Европа.

Премиерката Ана Брнабиќ денес, прва во Србија ја прими вакцината „Фајзер“ против коронавирус. После неа тоа го стори и министерката д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.

Денес, вакцина ќе примаат и луѓето од домови за стари лица во Белград и Нови Сад, а утре и во Ниш. 

Д-р Предраг Кон истакна дека вакцината е целосно безбедна и додаде:

- Започнуваме со офанзива, имаме оружје во наши раце. Правиме се' што е во наша моќ да им ја пренесеме вистинската порака на луѓето, како што тоа го правиме денес - истакна Кон.

Д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ истакна дека вакцинирањето започнало од најзагрозени категории, а тоа се најстарите државјани на Србија, со што е исклучително горда.

Премиерката Ана Брнабиќ истакна дека денес е денот што означува почеток на крајот на епидемијата на коронавирусот, и во Србија и во целиот свет, и додаде:

- Како премиер, се чувствував должна да бидам прва што ја прими вакцината со цел да им се заблагодарам на сите што работеа на оваа вакцина, но и чест е да бидам прва што ќе им го отвори патот за вакцината на сите други граѓани на Србија.

- Мојот договор со претседателот на Србија е дека двајцата ќе добиеме две различни вакцини, очекуваме вакцини од Кина и Русија, како што ветивме, српските граѓани ќе ги имаат сите вакцини, објаснува премиерката.

- После претседателот Вучиќ, започнува вакцинацијата на здравствените работници, по претседателот, вакцината ќе ја прими и министерот Златибор Лончар, како пример за сите други - нагласува Брнабиќ и додава:

- Направивме голема работа, започнавме и сега нема да застанеме се додека не заврши целосната имунизација на целото население на Србија.

Премиерката побара од сите граѓани на Србија да не го разбираат ова како борбата да е завршена, но да останат дисциплинирани, да им помагаат на медицинските работници и ги замоли сите да не гледаат на ова како победа, туку на почетокот на крајот на вирусот.

- Ситуацијата е сè уште тешка и сложена, мора да останеме одговорни до крајот - апелираше Брнабиќ.

Таа им се заблагодари на сите од Институтот, Владата на РС, Претседателот на Србија и сите кои напорно работеа на ова, и за фактот дека Србија ја прими вакцината веднаш по Велика Британија, а премиерката стана првиот официјален претставник во Европа што ја примил вакцината.

- Им посакувам се најдобро на сите граѓани на Србија, вакцината пристигна и ќе продолжи, денес е само симболичен ден во кој им даваме охрабрување на граѓаните да имаат надеж и да ја примат вакцината.

ВИДЕО:


извор: srbijadanas.rs
фото:printscreen Tanjug