(ФОТО) Стана мајка на 46 години: Сандра Булок за прв пат ја покажа ќеркичката

Добивај вести на Viber

Сандра Булок и нејзината 8-годишна ќерка Лаила направија изненадно појавување во епизода на „RedTable“, посветена на мајките, и ја изненадија медицинската сестра што работи на првите линии за време на пандемијата на коронавирус.

Булок е мајка на две деца: Луис Бардо Булок (10) и Лаила Булок (8)

Посвојувањето на синчето во 2010 година, за Сандра стана благослов на повеќе начини, па се одлучи да посвои второ дете во 2015 година.

Познатата мајка на две деца претпочита да ги задржи приватните животи на своите деца далеку од очите на јавноста, токму затоа појавувањето на Лајла во емисијата во живо, беше прифатено како повозбудливо.

Инаку Oскаровката ги посвои своите деца пред да започне врска со фотографот Брајан Рандал во 2015 година, и е особено благодарна на долгогодишното момче што ја пополни улогата на нивен татко.


извор: today/closerweekly