(ФОТО) Таа е 29 години помлада од него: Којa е новaта девојка на Бред Пит

Оскаровецот има нова љубов.

"Која новата девојка на Бред Пит?" - Ова е прашањето кое папараците го поставуваат во последно време. „Дејли меил“ тврди дека станува збор за моделот Никол Потуралски (27), која зборува пет јазици, има еден син и води организација за заштита на ајкули.

Таа има успешна кариера како модел во родната Германија, а стана центар на меѓународни интриги откако беше забележана со Бред Пит во јужна Франција.

Покрај нејзината непобитна убавина, се чини дека Бред имал и други причини да биде фасциниран од младата убавица. Никол изгледа неверојатно како и поранешната сопруга на Бред, Анџелина Џоли.
Инаку Никол беше снимена како слета со приватниот авион на аеродромот Ле Кастелет, за да биде во друштво на 56-годишната холивудска sвезда, Бред.

Се смета дека Никол поминува време со Бред во неверојатниот замок Чато Миравал, имот што актерот го купил за 67 милиони долари во 2011 година.

„Тие се бакнуваа и Бред беше многу внимателен кон неа“, изјави извор за „Дејли меил“. „Тие беа на јавно место, но тој не се грижеше дека луѓето го гледаат. Таа е вистинска убавица и очигледно е многу помлада од него “, додаде изворот за „Дејли меил“.

Галерија од преубавата Никол: