(ФОТО) Жал ми е за жените кои наседнаа: Нина Бадриќ жртва на измама

Познатата хрватска пејачка Нина Бадриќ е разбеснета поради лажна реклама која се појави на интернет, а брзо се огласи и најави тужба.

Станува збор за реклама за таблети за слабеење во која се наведува дека пејачката ослабела 19 килограми конзумирајќи ги.

Нина брзо реагираше и демантираше било каква врска со овој производ, а нагласи и дека целиот случај веќе е предаден кај нејзиниот адвокат.

- Ова ќе биде една убава тужба од чија оштета однапред се радувам. А за оние кои за жал масовно поверуваа и наседнаа, можам само да кажам дека максимално се оградувам од ова. Ова го пишувам затоа што дневно добивам стотина пораки од жени од целиот регион кои ги купиле овие таблети кој јас наводно ги рекламирам. Жал ми е за жените кои ова го купиле и наседнале на лагата. Навистина немам никаква врска со ова- напиша Нина на Инстаграм.

Исто така замоли секој кој го купил овој производ да ја извести, за да собере повеќе информации за измамата.

- Ве молам сите кои ги купиле овие таблети да ми пишат бидејќи се работи за измама. Со оглед на тоа дека е во рацете на адвокат, секој детал ни е важен- додаде пејачката.